Blue Grey Red

www.ex.mk

Ексквизит е македонски веб шопинг центар за опремување, декорирање и реновирање на Вашиот животен простор со широк избор на практични и функционални производи, со достапни цени, безбедно плаќање преку интернет и достава до дома.

Што е добро, а што практични, колку чини и колку многу лесно можете да го купите и пријатно да ги изненадите своите најблиски со убав подарок.

Кај нас можете да го одберете најдоброто, оставајќи си доволно слободно време за активностите во кои уживате.

На купувачите им овозможивме полесен и побрз пристап преку:

www.exquisite.mk  и  www.ex.mk

Ваквиот начин на шопинг е идеален за сите купувачи кои се интернет корисници со возраст над 18 години, кои се работно ориентирани со недоволно слободно време за пазарување.

Продавницата ги содржи сите категории како и секоја постоечка продавница во која може да се прошетате и да го разгледате она што Вам Ви е потребно или Ви се допаѓа. Разликата е во начинот на одбирање, плаќање и добивање на одбраниот производ.

Ексквизит е отворена 24 часа за разгледување, пребарување и купување на производите.

Плаќањето е обезбедено со софтвер специјализиран за интернет продавници, овозможено од УНИ Банка.

Дистрибуцијата опфаќа достава до адреса наведена од страна на купувачот во рок од 24 до 48 часа.

При реализацијата на оваа идеја, голема поддршка и придонес беа дадени од ПСМ Фондацијата (www.yesincubator.org.mk).

Започни со е-шопинг!