Blue Grey Red

www.tc.mk

Трговски центар им овозможува најбрз, најефикасен и најсигурен влез на сите трговци во интернет трговијата. Од друга страна, на купувачите им овозможува најголем избор, едноставна интеграција во модерното живеење и комплетна сигурност во купувањето.

Трговски центар има визија да оствари брз раст на пазарот во Македонија, преку овозможување на најдобар начин за купување и трговија на интернет, достапен за сите купувачи и трговци. Тоа го правиме со темелен и систематски пристап кој подразбира отстранување на сите логистички, технолошки и други бариери и комбинирање на најдобрите светски искуства со наши иновативни решенија. 
Како комплетно кориснички ориентиран систем, Трговски центар има мисија на купувачите и трговците да им пружи:

  • максимална вредност, преку најдобра функционалност и употребливост
  • осигурано задоволство, преку системот за управување со рекламации и квалитет на услугата
  • сигурност, преку системот за заштита од измами

Со тоа се исполнети условите Македонија конечно да го надомести децениското заостанување на ова поле и нејзините граѓани да се стекнат со уште една придобивка на модерното живеење. 
Во иднина остануваме посветени на нашите корисници, кои понатаму можат од нас да очекуваат многу возбудливи новини и врвна услуга.

Податоци за контакт:

 

Интернет трговија ДООЕЛ

 

 

ул. 29 Ноември бр.17/2-5

 

 

1000 Скопје

телефони: 02/ 3224711, 3224 784