Blue Grey Red

Значење на е-трговијата

Е-трговијата претставува еволуција на размената на добра и услуги, која овозможува оптимизација на клучен процес за едно општество. Меѓу придобивките се: намалување на трошоците, демократизација-либерализација на трговијата, пристап до добра и услуги од секоја локација, интеракција и достапност на деловни и кориснички информации, ефикасна и економична комуникација без граници, подобра даночна ефикасност, итн. Со други зборови, потенцијалната придобивка е слободна и ефикасна размена на добра и услуги, со тотален квалитет на процесот. На тој начин директно се подобрува бизнис климата и стандардот на живот.

Реализацијата оваа визија е поттик за развој и на голем број други деловни и приватни сегменти во општеството: претприемништвото, издаваштвото, извозот, глобализацијата, мулти-културноста, активизмот, хуманоста, продуктивноста, забавата, итн. Затоа треба ентузијастички да ја прифатат и да ја поддржат сите: државата, компаниите и населението.