Blue Grey Red

 

Интернет трговец – физичко или правно лице кое се занимава со електронска трговија, односно преку својата електронска продавница достапна на интернет нуди и продава производи и услуги (на пример, Amazon.com).

 
Банка – деловна банка која врши повеќе операции кои се битни за електронската трговија, како што се отворање и опслужување на сметката на интернет трговецот и издавање платежни картички за кои добила лиценца од меѓународните картични организации (на пример, УНИ Банка).

 
Платежен процесор (процесинг центар) – компанија која дава техничка поддршка на банките и претставува врска меѓу банката на интернет трговецот и банката на потрошувачот за плаќањата преку интернет (на пример, КАСИС).

 
Платежна картичка – инструмент кој овозможува безготовинско плаќање, вклучително и плаќање преку интернет. Најчесто, платежните картички се кредитни и дебитни.

 
Меѓународна картична организација – компанија која нуди решенија за безготовинско плаќање на глобално ниво, односно создава мрежа од банки преку кои се издаваат платежни картички на крајните корисници - иматели на картички (на пример, Master Card).

 
Потрошувач (купувач, нарачател) – физичко или правно лице кое преку електронската продавница на интернет трговецот нарачува и купува производи и услуги.