Blue Grey Red

Како се врши испораката (доставата)

Интернет трговците, доколку немаат свој систем за дистрибуција до крајните потрошувачи, може да ги користат услугите на специјализираните компании за брза пошта и транспорт, бидејќи се работи за тип на трговија и производи за кои се бара и очекува брза испорака. Бројот на компании кои се занимаваат со ваква испорака во РМ е околу дваесетина и нивната работа е под контрола на регулаторното тело - Агенција за пошти (http://www.ap.mk).

Голем дел од компаниите за испорака нудат и овозможуваат испорака на кое било место во РМ, при што рокот на испорака за место надвор од Скопје е 24 часа, додека на територија на Скопје е пократко. Во просек, цената за испорака се движи од 80-150 денари за испорака на територија на град Скопје, додека пак за испорака во други градови од државата цената се движи од 120 до 250 денари.