Blue Grey Red

Нарачка

Лицето пристапува на веб локацијата од која треба да ја изврши нарачката (електронската продавница). На веб формуларот (потрошувачката кошничка) кој се наоѓа на веб локацијата ги пополнува/одбира бараните податоци.
Тоа најчесто се:
  1. Производ/и кој/и ги нарачува и за кој/и сака да плати (од предодредена листа на производи)
  2. Дополнителни податоци за нарачаните производи (на пример: количина, карактеристики)
  3. Дополнителни податоци за купувачот и нарачката (пример: адреса на лицето, телефонски број, адреса на испорака ако е различна од онаа на купувачот и сл.)

Дел од податоците се задолжителни и без нивно пополнување не може да се оди понатаму, а некои се опционални. Со извршување на нарачката, купувачот добива извештај за извршената нарачка. Извештајот најчесто содржи: листа на нарачани производи, поединечна цена за секој од производите/услугите, ДДВ, збирна сума за плаќање, други податоци за самата нарачка (време, локација...). Овој извештај всушност е сметката со чие потврдување се оди кон процесот на плаќање.