Blue Grey Red

Плаќање

Најчест начин на плаќање во е-трговијата, во светски рамки и кај нас, е со платежни картички. Сé почесто, во светски рамки, се користат електронските пари, но кај нас се уште не постои друштво кое се занимава со издавање електронски пари. Некои интернет трговци во РМ овозможуваат плаќања во готово при достава на производите (ова го овозможуваат оние интернет трговци кои имаат сопствена испорака и на тој начин може лесно да го реализираат и овој начин на плаќање)
Можност за користење на картичките за плаќање преку интернет

Дали една картичка ќе може да се користи за плаќања преку интернет најмногу зависи од политиката на банката, како и од тоа дали таа банка се стекнала со лиценца за тоа од меѓународната картична организација. За таа цел банката проаѓа низ посложена и подолготрајна процедура која ја налага меѓународната картична организација за да ја издаде лиценцата. Од друга страна, кои картички ќе ги прифаќаат интернет трговците зависи од банката со која соработува, односно кои лиценци банката ги добила од меѓународните картични мрежи. 

Процес на плаќање

Плаќањето се одвива на веб форма за плаќање понудена од платежниот процесор. Во оваа веб форма се внесуваат податоци за самото плаќање на претходно потврдената сметка. Овде најчесто се внесуваат следните податоци:

  • Број на платежна картичка
  • Име на имателот на платежната картичката
  • Тип на платежната картичка
  • Важност на платежната картичка
  • CVV2/CVC2
  • Име на банката
  • Телефонски број на дежурниот центар на банката издавач на картичката
  • Име на купувачот
  • Презиме на купувачот
  • Телефонски број на купувачот
  • Е-пошта на купувачот
  • Поштенски број на купувачот
  • Адреса на купувачот
  • Град на купувачот
  • Земја на купувачот.

Со потврдување процесот продолжува со проверка на кредитната картичка и сметката на купувачот, а со откажување се прекинува процесот без никакви последици во системот за нарачка.

Проверка на валидноста на кредитната картичка

Системот се обраќа до издавачот на кредитната картичка (VISA/MASTER/DINNERS…), за да ја провери валидноста на картичката. Доколку добие потврда за валидноста на картичката, процесот води кон проверка на расположливите средства на банкарската сметка на купувачот, во спротивно, купувачот добива порака за невалидна картичка. 

Проверка на расположливи средства

Системот се обраќа до банката на купувачот и доколку сметката на купувачот ги има потребните средства, банката ги резервира средстватаи со тоа ќе биде завршено плаќањето. Доколку ги нема потребните средства, се враќа повратна порака до купувачот дека плаќањето се откажува

Трансфер на средства

Откако успешно ќе бидат резервирани средствата од сметка на купувачот, се покренува процес за израмнување на сметките на продавачот и купувачот односно процес за трансфер на резервираните средства од сметката на купувачот на сметка на трговецот-продавач.