Blue Grey Red

 Дали можам да купам од странска е-продавница?

Политиките на македонските деловни банки

Штом една деловна банка добие лиценца за издавање на одреден бренд картички, тогаш од неа зависи какви сé ограничувања ќе наметне во поглед на користењето на картичките, вклучително и можноста за онлајн плаќања. 

Политиките на странските интернет трговци, платежни процесори и компании за испорака

Одредени странски интернет трговци не примаат нарачки или не вршат испорака на производи на територија на РМ. Нивниот број е сé помал споредено со период од пред неколку години. Позитивен момент е тоа што големите интернет продавници кои нудат широк избор на производи, примаат нарачки и вршат достава во РМ. Поврзано со ова прашање е и политиката на компаниите за испорака кои имаат свои меѓународни дистрибутивни мрежи. Дел од нив не вршат испорака во РМ. Причините за ваквата нивна политика се исклучиво од пазарна природа. Сепак, најпознатите светски компании за брза пошта се присутни на македонскиот пазар и вршат транспорт и достава на производи од други држави на територија на РМ

Царински давачки за производи кои се увезуваат во РМ како резултат на интернет продажба

Производите нарачани преку интернет кои се увезуваат во РМ, согласно царинските прописи, се категоризираат во производи кои се увезуваат како помали пратки со писмо или поштенска пратка. Согласно Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање увозни давачки, поштенските пратки до одредена вредност се ослободени од царински давачки, додека пратките над утврдената вредност подлежат на увозни давачки. Во моментов тој праг изнесува 45 евра, во кој е вклучена цената на производот и на поштенските услуги. Под овој износ лицата не плаќаат царина и други давачки за производите