Blue Grey Red

Безбедност при плаќање

Платежните процесори посветуваат големо внимание на безбедноста на трансакциите. Касис и НЛБ Тутунска банка користат 128 битна SSL енкрипција, а запонатао е да се применува и 3D secure code (MasterCard Secure Code и Verified by Visa). Исто така, платежните процесори мора да ги следат безбедносните стандарди на меѓународните картични организации (на пример, Payment Card Industry Standard) кои не се само услов за добивање на лиценцата, тука и за нејзино задржување. Тоа значи дека работата на платежните процесори, особено безбедносните аспекти, е контролирана од меѓународните картични организации. Конечно, при воспоставувањето интероперабилност на софтверот за нарачки на интернет трговецот и софтверот за плаќање на платежниот процесор се внимава на запазување на стандардите за размена на податоци и безбедноста на истите (интернет трговецот нема пристап до податоците од картичката со која се врши плаќањето).