Од денеска, 17 јуни, вторник, 2014 година, Република Македонија и официјално влегува во групата на PayPal. Со задоволство Ве информираме дека граѓаните ќе можат да ги користат услугите на Pay Pal Send.
Ова е резултат на разговорите кои на највисоко ниво се водеа уште од 2008 година и постојаните контакти со нив, при што изминатиов период Република Македонија беше ставена на нивната приоритетна листа за користењето на услугите на PayPal.
Претходно од страна на Министерството за информатичко општество и администрација беа исполнети сите предуслови за доаѓањето на PayPal и беше усогласена неопходната законска регулатива.
Контактите на Министерството за информатичко општество и администрација и оваа компанија и натаму ќе продолжат со цел понатамошно унапредување на соработката.