Blue Grey Red

Е-top up услуга од ВИП

Новата услуга што ја најави ВИП,мобилниот оператор,која во соработка со УНИ банка беше презентирана во Скопје и наречена "E-top up" се стави во употреба откако во живо беше извршена првата трансакција.Оваа услуга овозможува купување на припејд кредит преку интернет што истотака беше и цел да се промовира електронската трговија во Македонија. Корисниците(засега само оние) кои поседуваат MasterCard картичка, ќе можат да ги надополнат своите припејд сметки во износ од 100 до 5.000 денари, преку пристапување на веб сајтот на операторот - Vip.mk.

"Ни претставува особено задоволство што повторно успеавме први на пазарот да ја понудиме оваа поволност и услуга на нашите припејд корисници. Благодарание на успешната соработка со Уни банка, Вип оператор успеа да овозможи дополнителна предност и вредност за своите корисници." изјави Марио Цвитковиќ, маркетинг диретор на ВИП. "Дополнително, горди сме и што успеавме да го направиме првиот чекор кон отварање на електронската трговија во Република Македонија."

 

На презентацијата, беше дискутирано и за електронската трговија во Македонија, и притоа беше истакнато дека досега со издадени над милион кредитни картички и релативната покриеност на населението со овие платежни средства, статистиките за е-трговијата се поразителни.