Blue Grey Red
што е е-трговија

Што е електронска трговија?

Електронска трговија е израз кој во себе содржи два поима, кои во продолжение се објаснети.

Првиот термин „електронска“ се однесува на средството (медиумот) преку кој се извршува дејствието. Под овој термин може да се подразбира секој начин (форма) на комуникација кој исклучува физички контакт меѓу учесниците во прометот, а вклучува некаков вид електронско средство. Според ваквиот концепт во е-трговија би влегло тргувањето преку кое било од следните средства (медиуми): телефон, факс, телекс, интернет, интранет... Второто и потесно дефинирање на овој термин подразбира користење на интернетот како медиум, односно вклучува само трансакции кои се спроведуваат онлајн. Затоа се нарекува и интернет трговија.

Повеќе...

 
 

Како функционира е-трговијата?

Суштината на е-трговијата се базира на користење на интернетот како средство преку кое продавачот и купувачот комуницираат и го склучуваат договорот за купопродажба, односно се врши нарачката и плаќањето на производите и услугите. За да се направи нарачката се користат веб-базирани софтверски апликации, познати и како потрошувачки кошнички (shopping cart), додека пак за потребите на плаќањето се користи посебен веб портал за плаќање.

Повеќе...

 
 

Како се врши купопродажба/трансакција преку интернет?

Регистрираниот потрошувач пребарува по интернет продавницата, ги избира производите или услугите, начинот на испорака и плаќање и по кликнување на соодветно копче ја потврдува нарачката. Во истиот момент, системот на интернет трговецот испраќа информации за самата нарачка до платежниот процесор.

Повеќе...