Blue Grey Red
Како до е-трговец?

Што е потребно од правен аспект за да се основа и регистрира еден интернет трговец?

За да започне да функционира и да врши електронска трговија, интернет трговецот (правно лице) најпрво треба да се регистрира како трговско друштво во Централен регистар. Оние друштва кои се веќе регистрирани во Централниот регистар и оперираат како „офлајн“ трговци, но сакаат да го прошират начинот на продажба на стоки и услуги, немаат потреба од повторна регистрација или дополнување на регистрацијата.

Законот за електронска трговија забранува одреден државен или друг орган да му бара посебна дозвола или одобрение на оној трговец кој сака да се занимава со интернет трговија.

 
 

Какви просторни и кадровски услови треба да исполнува интернет трговецот?

За разлика од физичките продавници за кои согласно прописите потребно е исполнување на одредени минимални-технички услови и стандарди на просторијата за да може трговецот преку неа да тргува, за поседување и оперирање со интернет продавница воопшто не се потребни физички простории. Исто така, интернет трговецот воопшто не треба да има сопствена офлајн продавница, туку може да работи исклучиво преку интернет продажба.

Повеќе...

 
 

Политика на приватност, испорака и враќање на парични средства

Донесување на јасни правила за приватност, испорака и враќање на парични средства како клучни аспекти при електронското тргување претставува законска обврска, но и барање од банките и меѓународните картични организации. Преку овие политики всушност се гарантира сигурноста на потрошувачите.

 
 

Набавка на софтвер за е-трговија

За воопшто да постои е-трговија потребно е да се користи веб-базирана софтверска апликација преку која ќе биде овозможено регистрација на корисник, пребарување и нарачка на производи и поврзување со порталот за плаќање. Ваквиот софтвер може да се нарача да биде изработен или пак да се изврши прилагодување на веќе постоечки решенија од реномирани производители или на open source решенија. Во РМ постојат софтверски компании кои изработуваат и продаваат специјализиран софтвер за е-трговија.

Повеќе...