Blue Grey Red
е-плаќања

Што е потребно за да му се отвори и опслужува трансакциска сметка на интернет трговец?

За банката да му дозволи на својот клиент – трговец да се занимава со електронска трговија бара исполнување на низа услови меѓу кои поднесување на бизнис план. Банката прави проверка и процена на потенцијалниот интернет трговец со цел навремено да превенира лажни и несериозни клиенти да отворат веб продавница.
 
 

Која е улогата на платежните процесори?

Платежните процесори (порталите за плаќање) се техничка поддршка на банките во картичното работење и врска со системите на меѓународните картични организации, кои пак ги вмрежуваат сите банки членки како би се оствариле меѓубанкарските трансакции (преку сите платежни канали, вклучувајќи и интернет).

Повеќе...

 
 

Кои и колку плаќа провизија во интернет трговијата?

Во принцип, сите провизии во е-трговија кои се поврзани со користење на картичките паѓаат на товар наинтернет трговецот. Банката опслужувач на сметката на интернет трговецот му наплаќа на трговецот провизија која во просек изнесува 3-5% од вредноста на трансакцијата. Дел од таа провизија ја издвојува за меѓународната картична организација, дел за платежниот процесор и дел за банката издавач на картичката.

Повеќе...

 
 

Што е потребно да му издаде интернет трговецот на потрошувачот за извршената трансакција?

Основ за вршење на плаќањата кај е-трговијата и воедно доказ дека е извршена трансакцијата е фактурата. Тоа значи дека секој трговец мора да издава фактури за извршените нарачки и плаќања.

Повеќе...